Приведен кумановец за „измама“

Полициски службеници од СВР Куманово вчера привеле 41 -годишен кумановец. Тој се сомничи дека измамил 31-годишен  жител од Липково за сума од 400 евра.

Според СВР Куманово, откако се договориле дека ќе му изгради куќа, ги зел парите и веќе не се појавил.

По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.