МВР во текот на вчерашниот ден (12.02.2023) спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 549 возачи. Од нив 26 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 330 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 219 надвор од населено место.