ВИДЕО: Се намалуваат бракоразводните постапки во Куманово
Постепено се намалува бројот на бракоразводните постапки во Куманово, информираа денеска надлежните од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа.
Последните години меѓу главните причини за распаѓање на брачната заедница се посочуваат зависноста од коцкање, од алкохол, од дроги и други психотропни супстанци, а влијание има и зависноста од интернет и социјалните мрежи.
