ВИДЕО: Професорката Анита Димовска дебитираше на книжевната сцена со бајката „Зелена кралица“

Со бајката „Зелена кралица“, кумановката Анита Димовска, професорка по англиски јазик дебитираше на книжевната сцена. Бајката која Димовска ја посвети на својата ќерка Бела, а порачува дека треба да се грижиме за животната средина е објавена во новата книга за деца „Детелинки белинки“- современи бајки со четири листенца. Делото содржи 16 бајки од 15 автори, меѓу нив е и бајката „Авантурите на едно мракче“ од Билјана Станковска, поетеса, раскажувач и писател за деца од Куманово.