Основни насоки и препораки во случај на земјотрес- презентација во ООУ„Кочо Рацин“

Во основното училиште „Кочо Рацин “ деновиве е одржана презентација за учениците и вработените на тема: Заштита и спасување од урнатини во реализација на Дирекцијата за заштита и спасување. Дадени се насоки како треба да се постапува  во случај на земјотрес, како да се заштитиме и најважно од се’ да останеме присебни и без паника. Активноста е во рамки на кампањата за заштита од природни непогоди која започна на први февруари и ќе трае до крајот на месецот.