Осумнаесет дела од светски реномирани уметници, но и од македонската ликовна сцена в четврток ќе бидат претставени на изложба во Амбасадата на РМ во Франција, конкретно во Париз. Според директорката на Националната установа Музеј Анита Цветановска , станува збор за ретроспективна изложба на делата од четириесетгодишното постоење на ликовната колонија „Куманово“ . Изложбата во Париз е проект кој е влезен во годишната програма на Министерството за култура за тековната година, додава Цветановска.
– Одбрани се осумнаесет дела од светски реномирани уметници,како што се Денис Боувен од Велика Британија, Паоло Чампини од Италија и еминентни уметници од македонската ликовна сцена од познатите Борко Лазески,Ана Темкова,Зоран Јакимовски,Димитар Манев,Веле Ташковски,Рубенс Корубин,Васил Василчев, Нове Франговски,Димитар Малиданов и многу други.Се потрудивме да бидат одбрани уметнички дела и се надевам дека убаво ќе се претставиме во Париз,ќе ја промовираме нашата богата продукција,а ние заедно со општина Куманово и со поддршката на Министерството за култура и годинава ќе продолжиме со организација на ликовната колонија која веќе се подготовува и ќе се одржи во август годинава“-изјави Цветановска.
Оваа ликовна колонија се одржува од 1974 –та година, почнувајќи од конаците на Прохор Пчињски, потоа во манастирот во Матејче за да стигне до Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.
Последниве десетина година се одржува во Меморијалниот центар АСНОМ од каде произлегува богата продукција,инспирирана од амбиентот на просторот каде што творат уметниците, изјави Цветановска.
Повеќе од 1.000 дела од вештите раце на уметници од над 500 држави од сите континенти досега се создадени на ликовната колонија „Куманово“.