„Маскенбал 2016 “ – 21 пат во центарот за култура

Маската „Сончева кралица“ ја освои првата награда на синоќешната традиционална манифестација Првоаприлски маскенбал во организација на центарот за култура „Трајко Прокопиев“. Според стручното жири, второто место и припадна на индивидуалната маска „Пролетно цвеќе“,  а третото на маската „Робот“. Како и секоја година и вчеравечер центарот за кулура додели награда и за најиновативната  маска наречена „Трансформери“,  за најдобар сценски впечаток „Космонаути“, а наградата за најдобра групна маска припадна на „Астерикс и Обеликс“. Беа доделени и погалници на неколку индивидуални и  групната  маска „Пчелка“  од основното училиште „Кочо Рацин“.  

-Почнувајќи од 1994 година , 21 пат по ред ја организираме оваа манифестација  на наше огромно задоволство поради големиот број на учесници но и големиот број на публиката ,салата е полна . Најмалите се маскирани, сите се подготвени за едночасовната забава, изјави Сашо Костовски.в.д. директор на Центар за култура

Принцези,добри самовили, вештерки, ликови од цртаните филмови,јунаци, спајдермен,супермен, каубојци,лекари,роботи беа само дел од маските кои децата заедно со родителите и наставниците ги избраа за Денот на шегата.

Годинешнава манифестација ќе ја водеа актерите од кумановскиот театар,Марко Трајковиќ и Александра Михајловска.

 

Коментари

коментар(и)