Актерите од Театар Куманово вечерва ќе играат за Јована

Театар Куманово вечерва ќе ја игра претставата „Трнорушка“, а собраните средства ќе ги уплати за потребите за лекувањето на девојче од Куманово, соопштија денеска од НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово.

– Претставата ќе се игра со почеток во 18 часот. Ги очекуваме кумановци да ја проследат детската претстава која има хуманитарен карактер. Се надеваме дека ќе помогнеме на детето за потребите за нејзиното лекување, изјави директорот на НУЦК Сашо Тодоровски.

Цената на билетот е 100 денари.

– Сиот приход ќе биде уплатен на сметка на Јована Илиевска, девојче кое боледува од церебрална парализа, повикаа од театарот.

Во претставата која ја режира Бојана Краљевска играат Сања Русеска, Марко Трајковиќ, Владанка Димковска, Нина Максимова, Жарко Јовановиќ и Давид Илиќ.

Сценографијата е на Крсто Богојевски, избор на костими на Нина Максимова, а кореографијата е на Сања Русеска. Драматург е Зоран Зафировски, а за музичка илустрација беше задолжен Зоран Зафировски.

 

Коментари

коментар(и)