Собрани се потребните средства: Марко ќе се врати во Куманово!

Телото на Марко Трајковиќ кој го загуби животот во САД ќе тргне на последното патување кон неговото родно Куманово.

За едно деноноќие хуманите граѓани на Македонија собраа над 20.000 долари донации, сума, која според семејството и пријателите, е потребна за транспорт на неговото тело во Македонија.

Дваесет и седумгодишниот Марко го загубил животот во несреќа со својот велосипед, а неговата мајка која се преселила во САД со него изразила желба да го погреба во нивниот роден град.

Преку платформата GoFundMe семејството и пријателите побараа помош од хуманите граѓани да се покријат дел од трошоците за негов транспорт во Македонија.

Коментари

коментар(и)