Во рамки на Националната платформа за женско претприемништво во Куманово се одржа обука за жени претприемачки на темата: Маркетинг и комуникација. Обучувач беше Тамара Јованов Апасиева, а локален координатор за североисточниот плански регион е Дивна Јанкова. Обуката е дел од серијалот на работилници во рамките на проектот кој се спроведува во периодот април – октомври годинава. Претходниот период се одржаа три обуки за жени претприемачки и оние кои што сакаат да основаат сопствен бизнис: за финансирање на бизнис и пристап до финансии, менаџмент на човечки ресурси и лидерство , решавање проблеми и креирање бизнис идеи и иновации и последната од циклусот обуки за маркетинг и комуникации.
