Претрес во Куманово, пронајдена дрога, приведен дилер

МВР информира дека вчера во 16.30 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово лишиле од слобода 27-годишен кумановец. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајдена и одземена марихуана и две дигитални ваги. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.