ВИДЕО: „Розов октомври“ и во Куманово
Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово викендов со превентивно-едукативна активност се приклучи кон одбележувањето на „Розов октомври“, како месец за борба против ракот на дојка.
-Денес од Куманово, го посветуваме октомври на јакнење на свесноста за ракот на дојка, порачаа претседателката на Унијата на жени во Куманово Ивана Лазаревска, претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска, генералниот секретар Емилија Ангелова и проф. д-р Марија Јовановски Срцева.
Настанот беше поддржан и од претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово Бобан Николовски, пратеникот Бране Петрушевски и д-р Игор Џиковски.