Тешко повреден кумановец на работно место

Во понеделникот, триесет и седумгодишен кумановец е пренесен во болница откако тешко се повредил на работното место.

Според МВР, на 23 октомври годинава во 12.15 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен И.П.(37) од Куманово со тешки телесни повреди здобиени при извршување на работни задачи во склад на фирма во населбата Илинден. Излезено бил на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил трудов инспектор“, информираат од МВР.

МВР презема мерки за расчистување на случајот.