Со синоќешната премиера на краткометражниот игран филм ,,ТРГОВИЈА” во Занаетчискиот дом, општинската организација на Црвен Крст Куманово ја одбележа Неделата за борба против трговија со луѓе.
„ТРГОВИЈА“ е едукативен и мотивирачки краток филм кој ги истражува темите на издржливоста, семејството и нескротливиот човечки дух. Преку објективот на овој филм, волонтерите, авторите на филмот се надеваат дека ќе ја подигнат свеста за трговија со луѓе во нашата заедница и ќе поттикнат клучни разговори за тоа како заедно можеме да направиме разлика. Филмот е во режија на Марко Јовановски, а актерите се Анастасија Милошевска, Надица Трајковска и Николај Павловски.