ВИДЕО: Урбаната опрема постојано мета на несовесни граѓани
Фирма избрана на тендер во иднина ќе ги санира детските катчиња и урбаната опрема што ги обезбедува општина Куманово, а ги поставува јавното претпријатие „Чистота и зеленило“. По последниот случај кога дел од клупите и корпите за отпад беа оштетени од несовесни граѓани, надлежните со апел до граѓаните доколку забележат девијантно однесување на поединец или група, веднаш да пријават во општина Куманово, кај инспекциските служби или пак во СВР Куманово. Вакви случаи може да се пријават и електронски на веб сајтот на општина Куманово, информира директорот на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“, Даниел Стојчевски.