Во рамките на проектот „ Со почит и разбирање“ на здруженито „Доверба“ вчера во Занаетчискиот дом се одржа завршен настан на кој присуствуваа претставници на општината, директорите на училиштата -учлесници во проектот, наставници и родителите. За активностите и постигнувањата на проектот , како и за резултатите од спроведеното истражување говореше раководителката на проектот Дивна Јанкова која воедно ја промовираше и двојазичната брошура. Проектот е поддржан од „Екуменска иницијатива жена“ од Хрватска и се реализира во периодот од први февруари до први ноември годинава.
