Третина од компаниите не го упатиле солидарниот данок

Рокот предвиден за плаќање на еднократниот солидарен данок заврши, а Управата за јавни приходи по овој основ собрала 33 милиони евра од успешните компании. Рокот за плаќање за солидарниот данок, кој за прв пат законски се воведува во земјата, траеше од 25 септември до 25 октомври, а УЈП информира дека од 150 даночни обврзници, кои го исполниле законскиот критериум, обврската ја завршиле 96 компании. За солидарниот данок  денеска говореше и вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.