Бесплатниот јавен превоз ќе трае до крајот на годинава, одлучија советниците на вчерашната седница на Советот на општина Куманово. Со 18 гласови „за“, седум „против“ и четири „воздржани“, беше одлучено субвенционирањето да трае до крајот на 2023 година.
За субвенционирањето на превозот од почетокот на годинава, па заклучно со 31-ви декември, од буџетот на општина Куманово ќе бидат потрошени милион евра.
– Со комисијата за превоз во која сум член разговаравме со вработените од општината и тие направија во првата половина од октомври активна контрола да се види потребата на граѓаните и утврдија што е фактички може и самите да забележиме дека најголем број на патници се во оние автобуси од периферијата до центарот каде има поголем број населби и особено од шест и пол до десет и пол и за назад од дванаесет и пол до четири и пол и бројот на корисници дури е и поголем од капацитетот тна автобусите, потенцираше советникот Дарко Митевски.