Се тампонираат патишта во села од општина Старо Нагоричане
Почна тампонирањето на патишта во села од општина Старо Нагоричане, соопштија денеска од локалната самоуправа. Надлежните од општината очекуваат подобро инфраструктурно поврзување.
„Патот од Сув Ора до Карпино претходно беше во исклучително лоша состојба. Последните пролетни дождови, пролетва речиси го уништија патот кој води до стариот манастир, а и самиот предел е прилично карпест. Избрана е фирма изведувач. Станува збор за 2.700 метри и обезбедени се 3, 5 милиони денари средства од Бирото за регионален развој. Во тек е пробивање патната инфраструктура и ќе се тампонира“, изјави заменик градоначалникот на општината, Бобан Цветановски.
Започна тампонирање и на пат од село Драгоманце-Стрновац. Еден милион денари се обезбедени за тампонирање и поврзување на селата Драгоманце-Стрновац, со што ќе се поврзат обработливите земјоделски површини, ниви. Средствата се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието.