ВИДЕО: Богата програма по повод празникот на градот

Куманово в сабота ќе одбележи 79 години од своето ослободување, а по тој повод во тек е богата културна и спортска програма. Како што информираше директорот на Фондацијата за култура и спорт Марио Арангеловски на денешната прес- конференција, ноемвриските денови се во тек. Главната програма за одбележување на Денот на градот, започнува в петок со отворање на изложба на кумановските ликовни уметници, мега концертот на градскиот плоштад, а в сабота полагање на свежо цвеќе на спомен костурницата и свечената седница на која ќе бидат доделени ноемвриските награди.

Повеќе детали од изјавата на Марио Арангеловски в.д.директор на Фондација за култура и спорт Куманово