Четириесет и петгодишен кумановец ноќва со остар предмет ја нападнал својата мајка во нивниот семеен дом, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопштуваат надлежните.