Поставено детско катче кај поранешен Мај маркет
Поставено е детско катче на булеварот Октомвриска револуција во близина на поранешен Мај маркет. Проектот „Детско катче во општина Куманово” e овозможен со поддршка од Агенцијата на САД за меѓународен развој – УСАИД, во партнерство со Центарот за ромска заедница „ДРОМ”- Куманово, повеќе деловни субјекти и со поддршка на жителите на градот.
Програмата на УСАИД за развој на заедницата е имплементирана од Мрежата за рурален развој на РС Македонија, во партнерство со ЛАГ Абер 2015, како и проектот на УСАИД, заедно со просперитетната заедница, имплементирана од Институтот за истражување и анализа на политики – „Ромалитико“.