Изложба „Кумановски ликовни уметници“ утревечер во галеријата

Во Уметничката галерија Куманово утревечер во 19.30 часот ќе биде отворена традиционалната изложба на слики „Кумановски ликовни уметници“, на која учествуваат академски ликовни уметници од градот.

На изложбата свои дела ќе претстават 20 локални уметници, со слики изработени во најразлични ликовни техники, графики и просторни инсталации.

Изложбата е дел од програмските активности на Музеј – Куманово и во официјалната програма на „Ноемвриски денови“, а се одржува под покровителство на Министерството за култура и Општина Куманово.