Со Мартинијан Кириловски вечерва на градскиот плоштад во 20 часот ќе започне неколкучасовниот концерт по повод Денот на ослободувањето на Куманово, 11 Ноември. Публиката ќе има можност да го проследи и настапот на настапот на дуото кој го има најпопуларниот хит во Македонија „Бела“, а тоа се македонската трап ѕвезда Пајак и Лара. Во чест на 79 години од ослободувањето на градот и 504 години од неговото формирање, на градскиот плоштад ќе настапи и Туна, а како ѕвезди на вечерта ќе бидат Андреј и Панчо од дуото ДНК коишто ќе ја затворат вечерта.
Предвидено е на присутните накратко да им се обрати градоначалникот Максим Димитриевски, по што ќе следува и традиционалниот огномет.
Музичкиот хепенинг е во целосна организација на Фондацијата за култура и спорт, а со финансиска поддршка на градоначалникот и Советот на општина Куманово.