ВИДЕО: Техничкото училиште „Наце Буѓони“ со нова современа опрема
Средното техничко училиште „Наце Буѓони“ набави нова софистицирана опрема за потребите на учениците во машинската и електротехничката струка. Деновиве беше реализирана и обука на наставниците за новата опрема, која во моментов од техничките училиштата во Македонија ја има само во кумановското „ Наце Буѓони“.
Директорот на училиштето, Драган Јаневски посочува дека континуирано се инвестира во современа опрема која придонесува за поквалитетно образование на учениците.
-Се работи за најнова опрема која што е по најнови стандарди и таква опрема нема во македонските училишта, зборувам за техничките насоки, така што ние сме први и верувам дека многу ќе придонесе за квалитетот на наставата на двете струки. Нашето училиште, можеме да се пофалиме дека има квалитетни струки, почнувајќи од машинската струка која што е најстара струка во нашето училиште, тука имаме три профила техничар за компјутерско управување, тоа е најнов профил, за него набавивме опрема минатата година – ласер и рутер исто така се работи за нова опрема која што придонесува за квалитетот на наставата кај учениците, машинско-енергетски техничар, профил од пред десетина години и оваа опрема сега што зборуваме е токму за тој профил и од тригодишното образование- профил конструкциски механичар ( заварувачи). Од електро-техничката струка имаме електотехничар- енергетичар , најстариот профил од 90-тите години наваму, тоа е кадар кој што потенцијално е за вработување во ЕВН, електротехничар за компјутерска техника и автоматика , тоа е профилот кој го нарекуваме информатика, тоа се квалитетни ученици и најмногу е баран во овој момент и профилот кој за првпат започна минатата година мехатроника, дуална паралелка. Тоа е во соработка со германската фирма Дрекслермаер каде што нашите ученици одат на пракса кај нив. Ние настојуваме да бидеме во тренд со опремата и во последните години набавивме доста квалитетна опрема која што е за подобрување на квалитетот на наставата во нашето училиште. По новото реформирано средно образование имаме Учење преку работа, тоа е часови кои што се застапени во сите струки, зборувам за стручните, и машинската и електро-техничка и медицинската струка, и учениците дел од настававаат поминуваат во компании, имаме соработка со голем број на фирми од Куманово, изјави Драган Јаневски, директор на ОСТУ „Наце Буѓони“
Со воведувањето на новите профили, од година в година се поголем е интересот за струките во техничкото училиште, а поголем дел од профилите годинава, како и изминатите неколку години беа пополнети уште во првиот уписен рок.
Кога станува збор за опремување на училиштето да потсетиме дека само во последните неколку години „Наце Буѓони“ обезбедени 120 лап топ компјутери за своите ученици.
