Марио Анѓеловиќ од „Наце Буѓони“- прво место на „МАКИНОВА 2023“, специјална награда и за ученичката Милица Стојковиќ

Ученици од техничкото училиште „Наце Буѓони“ учествуваа на 44-та „МАКИНОВА“ и 21-ва „ЕКОНОВА 2023“ кои во организација на Народна техника на Македонија, Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички достигнувања на Македонија (СПАТУМ) и Министерство за образование и наука се одржаа во Берово. Ученици од здравствената и електротехничката струка се претставиле со своите трудови и иновации како и секоја година.
Ученикот Марио Анѓеловиќ од насоката електротехничар за компјутерска техника и автоматика освои 1-во место на Меѓународната изложба за иновации под менторство на професорката Јелена Поп Глигорова.

Милица Стојковиќ од насоката медицинска сестра  освои специјална награда, ментор – Ленче Ѓоршевска Анѓеловиќ.

Дејвид Трифуноски и Филип  Павловски од насоката електротехничар енергетичар освоија пофалници за учество под менторство на професорот Александер Цветков.

Мила Вељановска и Лаура  Цватковска од насоката медицинска сестра освоија пофалници за учество, ментор професорката Магдалена Трајановиќ).

Ученичката Анастасија Атанасовска од насоката медицинска сестра освои пофалница за учество- ментор – Ленче Ѓоршевска Анѓеловиќ.

 

Коментари

коментар(и)