Приведени тројца крадци од Куманово

Три лица од Куманово биле лишени од слобода, под сомнение дека кон почетокот на месецот краделе од приватен имот.

Полицијата соопшти дека вчера  биле лишени од слобода тројца кумановци на возраст од 22, 30 и 32 години, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тие се сомничат дека на четврти ноември годинава на улицата „Маршал Тито“ во Куманово влегле на приватен имот и одзеле повеќе предмети.

– Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави, стои во соопштението.

Во одделен случај, триесет и едногодишен кумановец бил приведен вчера откако бил затекнат при обид да изврши кражба од деловен објект на улицата „Ѓорче Петров“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Кумановецот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)