Здружението на даватели на комунални услуги на РС Македонија – АДКОМ, денеска во Куманово организираше едукација, наменета за учениците од средни училишта од Североисточен регион. Настанот го отвори градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, кој се осврна на актуелни теми поврзани со заштита на животната средина. Учествуваа и претставници од општини, комунални претпријатија и институции од регионот. Главна цел е подигање на јавната свест за одржливи комунални услуги, односно за значењето на Јавните комунални претпријатија -ЈКП, како најголеми чувари на животната средина. Присутните имаа можност да проследат видео презентации за загадување на водата, почвата и излагање за правилно управување со отпад.