Кумановка приведена за повеќе кражби

Кумановка вчера била приведена под сомнение дека крадела од приватен имот, верски објект и автомобил.

Според СВР Куманово,  вчера во 14.30 часот во Куманово, полициски службеници лишиле од слобода 42-годишна кумановка која се сомничи дека во изминатиот период влегла на приватен имот, во патничко моторно возило, верски објект и одзела повеќе предмети.

– По целосно документирање на случаите против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението на кумановската полиција.

Коментари

коментар(и)