Пензионер -жртва на измама со огревно дрво

Шеесет и шестгодишен кумановец е најновата жртва на добро познатата измама со огревно дрво во Куманово. Како што соопштија од СВР Куманово, вчера во 13.30 часот  повозрасниот кумновец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 13 000 денари.

Според пријавеното, лицето му понудило огревно дрво и откако се договориле, оштетениот му ги платил дрвата, по што измамникот му кажал дека ќе оди да ги донесе, но не се вратил.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментари

коментар(и)