МВР соопшти дека вчера во Скопје од страна на полициски службеници од слобода е лишен 42-годишен скопјанец кој бил баран со потерница поради бегство од Казнено поправната установа Затвор Куманово.
„Тој бил баран за доиздржување на казна затвор од 9 месеци и 26 дена за сторено кривично дело, а бил осуден на казна затвор од 13 години и 3 месеци“, додаваат од МВР.