-На 24 ноември, во 18 часот и 30 минути во Центарот за култура Куманово ќе се одржи граѓанска трибина посветена на здравјето на мажите и жените, со наслов „Не чекај, превенирај.
Со ваквите трибини и активности низ државата, СДСМ уште еднаш покажува како делува една општествено одговорна политичка партија.
На трибината говорници ќе бидат стручни луѓе од фелата од здравството, а целта на трибината ќе биде подигање на свеста кај мажите и жените за сопственото здравје, а се со цел рана детекција и превенција на машки и женски болести.
Стручни знаења и совети од своите области ќе ни пренесат: д-р Снежана Захариева специјалист анестезиолог, асс. спец. д-р. Наташа Толеска Димитровска, проф. д-р Сашо Дохчев и заменик министерка за здравство д-р Маја Манолева.
На трибината „Не чекај, превенирај“ се поканети сите граѓани кои сакаат да бидат дел од едукација со која ќе научат нешто повеќе за детекција и превенција од разни болести.
На истиот ден, на три локации:
кај зелениот пазар
на градскиот плоштад
и пред Центарот за вработување ( АВРМ)
во период од 11 до 13 часот, од страна на стручни медицински екипи на граѓаните ќе им биде пружена здравствена услуга – мерење на крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта. Сите заинтересирани граѓани на овие пунктови можат да се обрата за оваа услуга.
Здравјето на граѓаните е најбитно, па затоа во иднина СДСМ ќе организира се повеќе активности и едукативни трибини, да ја подигнеме важноста на редовните медицински прегледи и превенирање како клучни фактори за нашето здравје, рече Александар Митрички, портпарол на ОО СДСМ Куманово.