Изгоре напуштена куќа на „Моша Пијаде“

Стара, напуштена куќа вчера попладне изгоре во пожар на улицата „Моша Пијаде“ во центарот на Куманово. Повредени лица нема, соопшти полицијата.

Според Регионалниот центар за управување со кризи огнот избувнал малку  по 17 часот, а во 17:25 часот противпожарните екипи излегле на терен.

Огнот го гаснеле деветмина пожарникари со три противпожарни возила до 19:30 часот.

Пожарникарите по завршување на интервенцијата останале до 20:35 часот на терен поради догаснување на опожарените греди од куќата.

Во пожарот било зафатено и едно паркирано патничко моторно возило, соопштија од СВР Куманово.

Коментари

коментар(и)