ВИДЕО: Никица Јанковски – млад успешен актер од Куманово

Претставата „Љубовна терапија“ на Театар Куманово, по премиерата на меѓународниот фестивал „Денови на комедија“ и двете репризи кај нас, започнува со своите гостувања низ градовите во земјава.

Дел од актерската екипа во претставата е младиот Никица Јанковски кој веќе успешно плови во актерските води.

За својот талент Јанковски на фестивалот „Малиот принц“ во Штип доби награда за најдобар млад актер.