ВИДЕО: Нино Величковски гостува во „СТАВ“

40 години егзистира на сцената, има свој препознатлив начин на интерпретација и стил како пејач и пред сѐ избор на песни и автори.

Бабино девојче, Свирете ми тамбури, Тамбурите на Шојиќ, Кажи ми Лено душо, се само дел од безвременските хитови на естрадниот уметник Нино Величковски со кој што вечерва разговараме во емисијата „СТАВ“.

Четиридецениското успешно опстојување на музичката сцена неодамна беше одбележано со голем концерт во Центарот за култура, кога  Нино доби и специјално признание за негување на тамбурашката песна од претседателот на Светската тамбурашка асоцијација, д-р Јован Пејчиќ.

Емисијата започнува во 20 часот.