Вработените во МВР денеска ќе добијат К-15

Вработените во МВР денеска ќе го добијат надоместокот за годишен одмор за 2023 година, информираше утрово Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Како што објави Спасовски, регресот изнесува 10.000 денари за вработени во МВР, односно бруто износ од 125.498.745 денари.

-Како раководство на МВР се обврзавме кон континуирано унапредување на социјалниот статус на полициските службениците и вработените во МВР – со зголемување на платите за 35% откако сум на чело на МВР и со редовно исплаќање на 6 бонус плати, а со една единствена цел – создавање задоволна и мотивирана полиција која ја гарантира безбедноста на граѓаните, додаде Спасовски.

Коментари

коментар(и)