ВИДЕО: Деведесет домаќинства од Куманово ќе користат субвенции за природниот гас
Деведесет домаќинства од Куманово и две од Струмица ќе добијат субвенции за приклучок на гас од Владата во износ од 25 илјади денари.
Министерството за екомонија денеска го објави списокот со граѓаните – добитници на својата официјална веб страница.
Субвенции годинава обезбедува и општина Куманово во износ од 15 илјади денари, кои веќе се на сметката на јавното претпријатие „Куманово-гас“.