ВИДЕО: Тасевска: До 15.000 денари поддршка за пензионерите

Новиот деветти пакет антикризни мерки на Владата предводена од СДСМ обезбедува финансиска поддршка за 187.000 пензионери со пониски пензии, објави на прес-конференција пратеничката од СДСМ, Лидија Тасевска. Како што додаде, исплатите на оваа финансиска поддршка пензионерите може да ја очекуваат веќе од втората половина на овој месец.