ВИДЕО: Куманово засега без зона Б паркинг простор
Иако општина Куманово одамна најавуваше воведување на зона Б во градот при паркирањето, сепак надлежните од јавното претпријатие „Куманово- паркинг“ денеска информираа дека тоа ќе се случи наредната година.
Засега и паркингот кај спортската сала останува слободен, односно нема да се наплаќа, а што се однесува до решетките на катната гаража кои постојано се крадат или уништуваат, деновиве ќе бидат заменети со нови.