Физички напади во два одделни случаи
Од полицијата информираат дека вчера во 15.30 часот во СВР Куманово, 23-годишна жена од кумановско село пријавила дека била физички нападната од жител на село Ѓуѓанци, светиниколско. Во друг случај, изминатата ноќ во 01.30 часот во СВР Куманово, Л23-годишен кумановец пријавил дека синоќа околу 19 часот на улицата „Пионерска“ бил физички нападнат од неколку лица, кои што употребиле тврди предмети. Полицијата презема мерки за расчистување и на двата случаи.