ВИДЕО: „Водовод“ во загуба покажува тримесечниот извештај, најавено зголемување на цената на водата

Јавното претпријатие „Водовод“ работело со загуба во периодот од први јули до 30 септември годинава, покажува тримесечниот извештај за финансиско работење на претпријатието. Во овој период, најголемиот дел од собраните приходи биле по основ на снабдувањето и испорака на водата за пиење.

Според надлежните, вкупната наплата на водата изнесува 81 отсто.

Директорот на „Водовод “, Оливер Стојмановски единстениот излез од тешката финансиска состојба ја гледа во зголемување на цената на водата во наредниот период.