Јавна трибина на Граѓански форум Куманово в понеделник во Занаетчиски дом

Граѓанскиот форум Куманово в понеделник во Занаетчискиот дом ќе ја одржи првата јавна трибина на тема: „ Безбедносната состојба и сигурноста на граѓаните на град Куманово“. Воведен збор ќе одржи проф. Симеон Гелевски, а на темата ќе говори истакнатиот професор по безбедност, проф. Иван Бабановски, професор на Факултетот за безбедност во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, во пензија.