Пристигнување на Дедо Мраз и куклена претстава во просториите на Занаетчиски дом се активностите што ќе бидат реализирани по повод Нова година од Фондацијата за култура и спорт Куманово. В.д директорот на Фондацијата, Марио Арангеловски смета дека општината треба да одвои повеќе средства од буџетот за организирање на културни настани во градот.