Општинската организација на Црвен крст Куманово во рамките на проектот „Биди храбра, направи прав избор, вакцинирај се“ финансиран од општина Куманово, започна со спроведување на едукативни предавања во основните училишта со цел мотивирање на децата да се вакцинираат против ХПВ (хуман папилома вирус) заради заштита на здравјето на детето и спречување на сериозни болести.
Имено, до крајот на годината ќе бидат посетени сите основни училишта кои ги опфаќа општина Куманово, а истите предавања се спроведуваат од докотр гинеколог и обучен предавач – волонтер Никол Ѓорѓевска.
Целта на проектот е поттикнување на младите и нивните родители во што е можно поголем број да се вакцинираат, а воедно и заштитат од овој вирус.