Приведен кумановец по распишана централна потерница
МВР соопшти дека вчеравечер во 22.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 49-годишен жител на село Биљановце, кумановско.
Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна од една година за сторено кривично дело по член 258 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.