СВР Куманово соопшти дека вчера во 10 часот, 61-годишен кумановец пријавил дека дека од домот се оддалечила неговата малолетна ќерка, која и претходно повеќе пати се оддалечувала со своето момче и била пронаоѓана и враќана дома. Според пријавеното, таа и вчеравечер телефонски го контактирала нејзиниот татко и негодувала зошто ја пријавил кога таа е со своето момче. Се преземаат мерки за нејзино пронаоѓање и враќање дома, информираат надлежните.