ВИДЕО: „Дедо Мраз на мотор“ по 16-ти пат во Куманово
Во пресрет на новогодишните празници денеска по 16-ти пат се одржа манифестацијата „Дедо Мраз на мотор“ во организација на мото клуб Мечки. Дури и врнежите од дожд не ги поколебаа кумановци, а особено најмалите да дојдат на плоштадот пред Центарот за култура каде што имаа можност да бидат дел од манифестацијата, но и да се фотографираат . Моторџиите со дедомразовски капи и одлично расположение и оваа година се погрижија да ги развеселат лицата со попреченост, корисници на услугите на дневниот центар во надлежност на министерството за труд и социјална политика, дарувајќи им соодветни подароци.