Новата политичка партија ,,Движење ЗНАМ – За наша Македонија” вчеравечер отвори централни простории во Скопје. Пред присутните се обрати Павле Арсоски, член на Извршниот одбор на ЗНАМ, потенцирајќи дека вратите на „Движењето ЗНАМ“ ќе бидат отворени за сите граѓани, добронамерници со кои што ќе работат на иста цел – за стабилна европска Македонија, држава во која има место за сите, во која секој ќе се чувствува сигурно, слободно, со висок стандард за секој граѓанин. Арсоски најави отворање на нови простории на „Движењето ЗНАМ“ во сите општини во земјава.
Претседател на новиот политички субјект во државата е актуелниот градоначалник на општина Куманово, Максим Димитриевски.