Советот на општина Куманово на утрешната седница треба да ја донесе најважната одлука, а тоа е буџетот за 2024 година.
Според материјалите за седницата, Секторот за финансии ќе предложи буџет тежок 2,1 милијарда денари или 35 милиони евра. Тоа е три милиони евра помалку од годинешниот буџет.
Најголем дел од средствата се дотации, пари кои ги префрлаат министерствата кон локалната самоуправа, пример како плати за образование, кои општината само ги исплаќа. Така на дотации отпаѓа дури 1,3 милијарди денари. Од даноци општината планира да собере околу 516 милиони денари или околу 8,3 милиони евра.
На утрешната 35-та седница, советниците ќе разгледаат и одлучуваат за вкупно 53 точки, меѓу нив програмите за работа на јавните претпријатија, библиотеката, предлог – програма за урбанистичко планирање на подрачјето на општина Куманово за 2024 година, предлог – програма за субвенционирање на граѓани за приклучок на гасификациона мрежа на подрачје на општина Куманово за 2024 годин, предлог – одлука за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Куманово, како и предлог – одлука за субвенционирање на линиски превоз на патници за линии утврдени со Спогодба за утврдување на заедничко организирање на извршување на линиски превоз на патници помеѓу општина Куманово и општина Старо Нагоричане,
Седницата можете да ја следите директно на програмата на Телевизија Плус.