Претседателот Стево Пендаровски по повод новогодишните празници вчера го посети одделението за детски болести на ЈЗУ Општа болница – Куманово.
Одговорните лица на оваа установа го информираа претседателот Пендаровски за начинот на функционирање и притоа потенцираа дека освен жителите на Куманово, сеопфатна, континуирана и безбедна здравствена заштита добиваат и граѓаните на општините Липково и Старо Нагоричане, како и на помалите соседни општини Крива Паланка, Ранковци и Кратово, со примена на најсовремени медицински достигнувања со цел брзо и ефикасно лекување на пациентите.
За време на посетата, претседателот ги посети дечињата кои престојуваат на одделението за детски болести и им подели новогодишни пакетчиња посакувајќи им побрзо закрепнување.